Под знак прашалник е и кој ќе го води ПСЖ во следната сезона. Ситуацијата во клубот е далеку од идеална. Лионел Меси и Серхио Рамос си заминаа, Нејмар се надева дека ќе замине, а се бара и нов тренер. откако Криштоф Галтие доби отказ.
Како опција број 1 се сметаше Зинедин Зидан. Легендарниот француски играч за врска досега во својата тренерска кариера раководеше само со Реал Мадрид. Два мандати беше тренер на мадридскиот гигант, а особено беше успешен во првиот, во кој три пати по ред ја освојуваше Лигата на шампионите. Во својата тренерска кариера, покрај тие три трофеи, има уште осум, меѓу кои се издвојуваат два за најдобар тим во шпанскиот шампионат.
Според француските медиуми, таа серија нема да продолжи во ПСЖ. Долго време се пишуваше дека Зидан, иако во минатото неколку пати го одбивал ПСЖ, овојпат го чека крајот на сезоната за да седне на тренерската позиција во Париз, сепак сега се тврди дека нема ништо од тоа. Клубот го контактирал Зидан и му понудил работа, но тој повторно ја одбил.
По одбивањето на Зидан, кружат имиња на неколку стручњаци но според информациите кои доѓаат од Париз, Џулијан Нагелсман, Луис Енрике и Чаби Алонсо се на врвот на листата со желби.