Рускиот тенисер Даниил Медведев го освои АТП Мастерсот во Рим, еден од турнирите со серија 1000, откако во финалето го победи талентираниот Холгер Руне. Медведев, кој не се смета за играч кој добро се справува на земја, покажа добри настапи на италијанската подлога и го освои првиот пехар на земјени терени во својата кариера, со резултат 7-5, 7-5.
Тој успеа да победи имиња како Александер Зверев и Стефанос Циципас на патот до финалето, што говори за неговиот фантастичен настап и претставува одлична најава пред Ролан Гарос.
Ова беше шестиот Мастерс во кариерата на Данил Медведев и вкупно 20-ти трофеј на АТП турнирите. Интересното е дека сите негови титули до сега беа освоени на различни турнири. Со оваа победа, тој го прескокна Новак Ѓоковиќ на второто место на ранг-листата. Првопласиран од утре ќе биде Карлос Алкараз.