Македонскиот возач Игор Стефановски оствари уште еден врвен резултат во својата кариера, откако го освои првото место во Португалија во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки. Со својот „Хјундаи и30 ТЦР“, Игор Стефановски заврши со време од 2:12.780 во својата категорија на патеката Рампа да Фалпера во Брага.
На второто место заврши О`Плеј од Италија со време од 2:15.414, додека третопласиран беше германскиот возач Ервин Бак со време од 2:16.912.
Ова е втората година по ред како нашиот Стефановски се враќа триумфално од Брага, а тој на својот фејсбук напиша:
–Оваа победа е за мојата Македонија!!