Един Џеко, босанскиот фудбалер, има можност да заигра во големото финале од Лигата на шампионите за првпат во својата кариера. Тој го изрази својот оптимизам и дека ја посакува победата за својот тим, Интер. Иако односите со тренерот Симоне Инзаги беа нарушени, новите информации покажуваат дека ситуацијата се смирила и можеби Џеко ќе настапи од првата минута на финалето.
Џеко, кој е на 37 години, истакна дека ова може да биде неговата последна шанса да освои голем трофеј. Тој изрази задоволство за одличната сезона и се надева дека неговиот тим ќе го освои трофејот. Иако имаат силни противници, Џеко и Интер веруваат во своите способности и сакаат да го докажат тоа на теренот. Џеко оваа сезона настапи на 50 натпревари за Интер и постигна 12 голови.
Нашиот Горан Пандев, кој како член на шампионскиот Интер од 2010 година, истакна дека, иако Сити е фаворит на хартија, Интер може да им создаде проблеми и дека има шанса за победа во финалето. Тој наведе идека Сити влага со поголем притисок во овој натпревар и дека екипата на Гвардиола ќе нападне со сите сите сили, но се надева дека Интер е физички подготвен да го издржи темпото на Сити.
Додека пак Ариго Саки,екс-тренерот на Милан ги изнасмеа сите со коментарот како „нераѕурите“ да ја запрат норвешката гол-машина Ерлинг Халанд.
“Како против Халанд? Само со – сачмарка! Шегата настрана, ама бековите на Интер мора да бидат залепени до играчите за врска на Сити, за Халанд да биде сам меѓу тројца стопери. Проблемот е ако еден од стоперите не излезе на Де Бруин или на некој друг фудбалер за врска кој втрчува, Сити ќе направи бројчана надмоќ“, рече Саки.