Борусија Дортмунд на чекор до шампионската титула, неизвесна борбата за опстанок!

Фудбалерите на Борусија Дортмунд го совладаа Аугсбург со 3:0 и се приближија до утакмица, за освојување на германското првенство. Со оваа победа, Борусија ја превзема водечка позиција на табелата со 70 бодови, два повеќе од актуелниот шампион Баерн Минхен. Во последното коло, Борусија ќе игра против Мајнц и има можност да ја освои шампионската титула.

Сепак, Баерн Минхен, кој доминираше во првенството во последните десет години, сега има сериозен предизвикувач во екипата од Дортмунд. Баерн треба да победи и да чека евентуален кикс на Дортмунд во последниот натпревар за да го освои првенството.

Од другите резултати, Штутгарт го победи Мајнц со 4:1 и успеа да се искачи над линијата од зоната на испаѓање. Мајнц е безбеден на 9-то место со 45 бодови. Аугсбург, кој се бори за опстанок, загуби од Борусија Дортмунд и остана на 14-то место со 34 бодови. Херта е веќе одамна отпишана.

Во наредното коло, Штутгарт се среќава со Хофенхајм, Бохум со Баер Леверкузен, а Шалке има тешка задача на гостувањето кај РБ Лајпциг. Борбата за опстанок ќе се води помеѓи Штутгарт, Бохум,Аусбурт и Шалке, а и гол-разликата и бројот на постигнати голови ќе бидат одличувачки доколку две екипи имаат ист број на бодови.

Во последниот денешен натпревар, Баер Леверкузен играше 2:2 со Борусија Менхегладбах, откако гостите успеаа да израмнат во вториот дел. Баер Леверкузен сега е шести со 50 бодови и се бори за пласман во Конференциската лига, исто како и Вофлсбург које е седми со 49 бодови. Борусија Менхегладбах го зазема 11-то место со 40 бода.

Слични објави