Време е за борба за регионалната титула. Екипите на Партизан и Црвена Звезда Меридианбет во вторник со почеток во 20 часот ја започнуваат финалната серија на АБА лигата во Штарк арената, а црвено-белите влегуваат во овие мечеви како ново-стари шампиони на Србија. Тоа го постигнаа во неделата по осми последователен пат.
“Конечно почнуваме, откако помина толку време, сите сме нестрпливи да почнеме, како навивачите така и играчите од двата тима. Нека биде кошаркалски спектакл, да уживаме сите и да победи подобриотт”, изјави тренерот на црвено-белите, Душко Ивановиќ.
Звездата ќе игра по 20 дена повторно во АБА лигата, по последниот меч во регионалното натпреварување, против Будуќноста во Подгорица: “Со оваа пауза, се чини како дека имавме малку предсезона, припреми, па сè малку се промени. Но ќе видиме како ќе изгледа. Клучен е квалитетот на двата тима и предноста која ја поседуваат. Партизан има извонреден напаѓачки квалитет, а ние можеби сме подобри во одбраната. Ќе видиме што ќе надвладее на крајот”, изјави тој. “Што се однесува до тимот, на овие мечеви нема никакво оправдание, утре сите се спремни вклучувајќи го и Вилдоза. Најважно е да играме со многу самодоверба, да имаме трпение и да одговориме на сè што Партизан ќе постави во нивната игра”, рече меѓу другото тренерот на црвено-белите, Душко Ивановиќ.
Партизан ќе биде домаќин во вторник, како и во вториот меч во четврток, бидејќи заврши прв на табелата во лигашкиот дел. Ден пред почетокот на финалето, стигна одлична вест од Шпанија за “вечните”, бидејќи Гран Канарија дефинитивно се откажа од учество во Евролигата и ќе остане во Еврокупот, иако го освои оваа сезона.
Тоа сосема сигурно може да овозможи и сигурна втора “јадранска” карта за Евролигата, што автоматски значи дека во ова финале е во игра само титулата, а не и “визата” за учество меѓу најдобрите. Затоа што сè укажува дека двата тима ќе учествуваат и следната сезона.