Кошаркарите на Реал Мадрид убедливо ја совладаа екипата на Хувентуд победувајќи со 73-94 за пласман во финалето на АЦБ-лигата.
„Кралевите“ на тој начин дојдоа до конечни 3-1 во полуфиналната серија, за очекувано место во финалето каде ќе се соочат со подобриот од вториот полуфинален дуел помеѓу екипите на Барселона и Уникаха. Каталонците моментално водат со 2-1, а утре во Малага ќе пробаат да го обезбедат своето место во финалето.
Кај Реал вечерва одлична партија одигра Серхио Родригез кој имаше 15 поени и осум асистенции, Џанан Муса заврши со 16 поени, а со ист број поени заврши и Хезоња. Кај Хувентуд двоцифрени беа Пара со 17 поени, Фелиз со 12 поени и Вивес со 11 постигнати поени.