Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас кој е моментално број 1 на АТП листата, со победа над Томи Пол се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Мајами, каде ќе се соочи со американецот Тејлор Фриц.
По мечот, беше прашан за коментар на изјавата на Новак Ѓоковиќ од пред месец дена, дека кога е во најдобра форма, тогаш е најдобар тенисер на светот. Алкарас изјави дека сака да игра против Ѓоковиќ кога е на 100 отсто, истакнувајќи дека тој тогаш е веројатно најдобриот или најдобар тенисер на светот.
Досега, Алкарас и Ѓоковиќ одиграле само еден меч меѓу себе, кој го доби Алкарас на Мастерсот во Мадрид минатата година. Исто така, Алкарас беше импресиониран од играта на Ѓоковиќ на Отвореното првенство на Австралија, и изјави дека сигурно би уживал да игра против него кога е на 100 отсто.