Динамо го повлече дресот со број 5, во чест на Адеми!

од Вести365.МК | А.П.

Аријан Адеми, поранешен капитен на Динамо Загреб, неодамна го одигра последниот натпревар за клубот. Сепак, Динамо му оддаде почит на Адеми и го објавија неговиот статус на клупска легенда, што го има заработено со својата долгогодишна кариера во „Максимир“.

Во спротивност на воспоставените принципи на клубот, Динамо одлучи да го повлече дресот со број пет од употреба сè додека Адеми е активен фудбалер, за да го истакнат значењето на сите негови настапи во Загреб. Динамо вели дека никому во историјата на клубот не му е повлечен бројот од употреба, бидејќи премногу легенди поминале низ клубот.

Адеми ќе ја продолжи својата кариера во кинескиот клуб Пекинг Гуан, но бројот пет ќе биде резервиран за него сè додека не се пензионира. Динамо истакна дека ова е мал знак на благодарност за сè што направил во последните тринаесет години и дека тој останува значаен дел од идните генерации кои ќе го носат грбот на Динамо на своите гради.

Слични објави