Барлет Џафери, синот на собранискиот претседател Талат Џафери, ја доби дипломата со која стана обвинител на денешната свеченост организирана од Академијата. На свеченоста во салата во Врховен суд била поканета да го проследи настанот единствено државната информативна агенција МИА.
Помладиот Џафери кој со месеци е во центарот на вниманието поради тоа што полагал правосудсниот испит предвреме односно без соодветна диплома за што алармираше антикорупциската комисија не сакаше да даде изјава за „Телма“ по овој случај.
Пред идните судии и јавни обвинители говори одржаа претставници од врвот на правосудствот. Оваа генерација на академци од запишувањето во Академијата го привече вниманието на јавноста поради звучните имиња и презимиња на деца, сопруги, снаи и други роднини на политичари, судии и јавни обвинители.