Во денешниот натпревар од Серија А, Верона со два гола во последните десет минути од средбата го победи Сасуоло со 2:1. Натпреварот заврши со обложувачки речник од „два во еден“, меѓутоа за Верона ова се и многу важни три бода во битката за опстанок. Верона сега е на четири бода заостанување од Специја која е прв тим над опасната зона.
Голот за победа на Сасуоло во 95-та минута предизвика многу сомневања во за некакви нерегуларности. Голманот на Сасуоло буквално му асистираше на Гаих кој ја погоди празната мрежа од 40-тина метри.
Интересен беше и дуелот во Бергамо, каде во првиот дел меѓу Аталанта и Болоња заврши без голови. Во вториот дел, Болоња отвори резултат преку Сансоне во 49. минута, што ги изненади домашните навивачи. Иако Аталанта се обидуваше да стигне до израмнувачки погодок, не успеа да го најде патот до мрежата на Болоња. Во 84. минута, Орсолини успеа да погоди мрежа за 0-2, но голот беше поништен од ВАР-собата поради офсајд позиција. Меѓутоа, само четири минути подоцна, Орсолини успеа да погоди уште еднаш, што донесе победа на Болоња со резултат 0-2.
На дуел помеѓу Сампдорија и Кремонезе, домашниот тим поведе со гол на Лерис во 15. минута, но Кремонезе успеа да го израмни резултатот со гол на Гиљоне. Во вториот дел, Сампдорија направи повеќе притисок и успеа да води со гол на Ламерс во 66. минута, но Кремонезе успеа да постигне два гола во последните 20 минути и натпреварот заврши со резултат 2-3.
Попладнево пак во тосканското дерби, Фиорентина и Специја играа без победник (1-1).
Додека пак екипата на Рома на тешкото гостување во Торино, против истоимената екипа победи минимално 1:0 со голот на Диабала, а пак римски Лацио со резултат 2:1 беше подобар од екипата на Јувентус. Диабала по постигнување на победничкиот гол и го честиташе роденденот на својата мајка.
