Примера: Реал се прости од титулата!

Откако ја победија Барселона на „Камп Ноу“ во Купот, денеска Вилјареал го совлада домаќинот со голем триумф во Ла Лига, благодарение на голот на Самуел Чуквуезе, кој го шокираше Реал Мадрид со голот на десет минути пред крајот на мечот. Во мечот, Реал Мадрид двапати имаше водство, но Вилјареал успеваше да се врати во мечот, за да го заврши со триумф од 3-2. Пау Торес си даде автогол за водство на Реал во 16-та минута, но Чуквуезе го израмни во 39-та. Винисиус Жуниор повторно го донесе водството на Реал во вториот дел, но Хосе Моралес го израмни во 70-та минута, за да го донесе Нигериецот големиот триумф на Вилјареал. Барселона сега има шанса да избега на плус 15 бода и да се круниса како нов првак.

Во останатите средби фаворитете издвојуваа победи, вреди да се спомене победата на Атлетик Билбао на гости против Еспањол со 1:2, потоа Осасуна го победи Елче со 2:1, а екипата на Реал Сосиедад беше подобра од Гетафе со 2:0.

Слични објави