Се одбележува Светскиот ден на аутизмот

од Вести365.МК Ј.Р.

Само две минути носејќи специјални очила преку кои виртуелно беше прикажана реална состојба од секојдневието на лице со аутизам беа доволни за да се разбере колку е необичен светот на овие луѓе во кој можат да го разберат – само она што ќе го видат.

-Кога зборуваме, зборовите течат и никогаш не можеме да се навратиме на нив, меѓутоа кога нештото е претставено визуелно секогаш можеме да се навратиме, да се потсетиме и да го извршиме како што треба. Тоа е исто како сите ние кога одиме во супермаркет. Доколку од дома си замислиме што треба да купиме, по патот постојано ќе бидеме анксиозни да не заборавиме нешто. Меѓутоа ако тоа си го запишеме на еден список во секое време ќе можеме да се навратиме на списокот и многу поедноставно ќе биде да ги завршиме активностите. Лицата со аутизам функционираат токму така.“- Доц. д-р Јасмина Трошанска, претс. на здружение „Сина светулка“

На Светскиот ден за подигнување на свесност за аутизмот здруженијата повторно испратија апел до институциите за поголема поддршка. Велат, без образование прилагодено на нивните потреби, без добро обучен кадар и доволен број на асистенти, децата со аутизам ќе имаат потешкотии да се осамостојат и да водат нормален живот – нешто што веќе долг период е пракса во поразвиените земји.

-Овие деца можат да комуницираат на поинаков начин. Со тоа вклучување во некаков систем за образование, дали ќе биде редовно или посебно не е ни важно, меѓутоа да се извади најдоброто што може од детето, тоа да може работно да се оспособи и утре да биде независен граѓанин на нашата држава, да конкурира на работните места бидејќи з во некои од државите на ЕУ веќе постојат закони каде што ако имате минимум 20 вработени мора да вработите и лице со попреченост– Доц. д-р Јасмина Трошанска, претс. на здружение „Сина светулка“

Во светот аутизмот има годишна стапка на појавување од 17% со тенденција за уште зголемено појавување. Бројката во Македонија на лица со аутизам со години останува непозната.

Слични објави