Членовите на таканареченета „Огнена група“ најавија дека ќе делуваат како фракција.
По денешната средба што ја одржа Демократската Унија за Интеграција, сакаме со највисока транспарентност да ја информираме целата јавност дека, за жал, констатираме дека во ДУИ има двојни стандарди, како во однос на дебатата што се води, така и од организациска и програмска гледна точка. Сакаме да нагласиме дека различното мислење за нас претставува најдемократски можен чин.
„Од денеска ние ќе имаме наши ставови, бидејќи ќе делуваме како фракција во рамки на ДУИ. Исцрпени се сите можности да дебатираме за реални проблеми. Ќе продолжиме со нашите активности, со партиските бази, со членството и оттука ги повикувам сите членови да не поддржат и да разговараме за разликите што ги наметна оваа власт која ги узурпира органите на одлучување кои се надлежност на партијата“, посочи Беџети.
Средбата на ДУИ се уште не е завршена, додека пак членовите на „Огнената група“ ја напуштија седницата на Централното претседателство на ДУИ.