Ракометното дерби меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелситер донесе вистински хаос кога гостинската навивачка група „Чкембари“ влезе на трибини. Гостите користеа пиротехника, дел од несовесни навивачи ја фрлија во неутралната публика, објави порталот Гол.мк
Полицијата реагираше, но тешко можеше да го смири хаосот. Влегоа и домашни навивачи на терен од трибината и малку фалеше за огромен инцидент. Дел од публиката која беше на трибината кај гостинските навивачи ги напушти своите места.
Натпреварот е во прекин, но капитените на двата тима разговараа со навивачите и се очекува дуелот да продолжи. И претходно се случи еден мал инцидент кој мина без голем проблем, кога голманот Урбан Лесјак беше погоден со паричка од трибините. Делегатот предупреди дека салата ќе биде испразнаета при евентуален следен инцидент