Пет лица биле приведени за време на вчерашниот концерт на Дејвид Гета на Арената „Тоше Проески“ во Скопје.
Според информациите од МВР, регистрирани биле само две нарушувања на јавниот ред и мир при што полициските службеници привеле вкупно петмина.
Полицијата оценува дека настанот од безбедносен аспект поминал исклучително мирно, без поголеми проблеми за обезбедување на самиот објект но и за одвивањето на сообраќајот.
Протокот на посетители пред и по завршувањето на концертот се одвивал без поголеми застои.