Премиерот на приштинските институции Аљбин Курти го поддржа претседателскиот кандидат на ДПС Мило Ѓукановиќ во пресрет на претседателските избори во Црна Гора.
Курти објасни што ќе се случи доколку победи кандидатот на движењето Европа сега, Јаков Милатовиќ.
„Доколку противникот на Ѓукановиќ победи, тоа ќе го отвори патот за исчезнување на црногорската нација, доминација на СПЦ, зајакнување на Кремљ, слабеење на НАТО и конечно создавање на „српски свет“ и Голема Србија“, рече Курти.
Курти додаде дека будно ќе ги следи изборите во Црна Гора кои го загрижуваат.