На магистралниот пат Скопје-Граничен премин Долно Блаце во близина на клучка Стенковец вчера е пронајдено тело на маж, удрен од моторно возило.
Од МВР велат дека случајот е пријавен синоќа вo 23:45 часот. Итната медицинска помош констатирала смрт, а увид извршил и Јавен обвинител, по што телото е предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.
Надлежните преземаат мерки за утврдување на идентитетот на лицето и целосно расчистување на случајот.