„Kрени ми, зашто сите ќе умреме уште вечерва“: Бугарскиот новинар објави пораки од Ива Михајлова со мајка ѝ

од Вести365.МК Ј.Р.

Бугарскиот јутјубер Станислав Цанов објави ново видео во кое презентира пораки и делови од телефонски разговори со Ива Михаилова и нејзината мајка Христина, тврдејќи дека тие се обидувале да го убедат да ја повлече  претходно објавената снимка за наводните притисоци од бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС).

Според Цанов, Михаилова му пишала само неколку минути по објавувањето на првото видео, во кое зборуваше за притисок од бугарските безбедносни служби. Во пораките, како што тврди јутјуберот, таа изразувала страв за сопствената безбедност, но и за безбедноста на нејзините родители.

Јави ми се веднаш. Крени ми, зашто сите ќе умреме уште вечерва – е една од пораките што Цанов ги презентира во новото видео.

Тој тврди дека Михаилова го молела да ја отстрани снимката, стравувајќи од последиците поради она што претходно му го кажала. Според неговото објаснување, пораките подоцна биле избришани, но тој претходно направил видеоснимка од нивната преписка.

Во новото видео е објавен и дел од телефонски разговор со жена за која Цанов тврди дека е мајката на Михаилова. Во разговорот таа бара да не се споменуваат безбедносните служби, наведувајќи дека тоа е нејзиниот единствен услов и дека во спротивно би можела да биде ликвидирана.

printskrin Stanislav Cankov

Цанов вели дека располага со целосни аудиоснимки од разговорите, кои, според него, траат повеќе од два часа, и дека е подготвен да ги достави на проверка.

Претходно, Цанов објави снимка од разговор со Михаилова во која таа зборуваше за притисоци од ДАНС, поврзани со нејзиното медиумско појавување и условите за добивање помош за лекување и правна поддршка.

Според нејзините тогашни тврдења, од неа било побарано прво да даде интервју кај новинарот Мартин Карбовски, а доколку претходно гостува на друго место, би можела да ја изгуби поддршката за рехабилитација и адвокати. Михаилова потоа гостуваше кај Карбовски.

Сепак, на 15 ноември таа преку објава на социјалните мрежи порача дека никој во Бугарија не ја принудувал да прави нешто против своја волја.

– Тука добив помош, грижа и поддршка – напиша Михаилова, упатувајќи апел до јавноста да ја остави на мир за да може да се посвети на лекувањето.

Слични објави