Ѓорче Петров ја најавува Априлијада 2023

од Вести365.МК | Е.Д.

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски испрати повик до сите да се приклучат на големата забава под маски по повод Априлијада 2023.

Настанот ќе се одржи на 31 март на Централниот парк во Ѓорче Петров, а стартот на дефилето ќе биде од 11.30 часот, додека отворањето на маскенбалот од 12 часот.

– Придружете ни се заедно да го одбележиме денот на шегата, проследен со забавна програма. Сите дечиња во реонски парк. Почнува забавата под маски, објави Стојкоски.

Слични објави