Три дена по пријавата-се уште не е извлечено безживотното тело од дупката во Неготино

од Вести365.МК | Е.Д.

Веќе три дена не може да се извлече човечкиот труп, кој беше забележан од случаен минувач во близина на Неготино, во бездна кај местото викано Просек.

Од Центарот за управување со кризи потврдуваат стручни екипи помагаат да се дојде до телото, но акцијата била доста тешка, бидејќи станувало збор за длабока бездна.

Нема податоци околу тоа дали станува збор за тело на жена или маж, ниту пак колку долго се наоѓало во бездната.

По завршување на сите законски процедури, откако телото ќе биде извлечено од бездната, МВР информира дека ќе го утврдат идентитетот на лицето.

Слични објави