Ф1 ГП Австралија: По три прекини, серија судари,Ред Бул и Верстапен сепак најдобри

од Вести365.МК | А.П.

Макс Верстапен е победник на хаотичната трка за Големата награда на Австралија. Трката беше прекинувана трипати со црвено знаме. Првиот прекин се случи на стартот, каде Верстапен ја загуби пол позицијата пред Расел и Хамилтон поради послаб старт. Потоа дојде црвено знаме откако Албон излета и стујардите ја прекинаа трката за да се исчисти патеката. По овој прекин, Верстапен со сигурно возење доминираше, Расел се откажа поради проблеми со моторот, Леклер се откажа поради инцидент, а Магнусен удри во заштитната ограда, што доведе до уште две црвени знамиња пред крајот на трката. Хамилтон успеа да се доближи до Верстапен за време на прекините, но Верстапен не дозволи да ја испушти предноста која ја имаше и го освои првото место. Фернандо Алонсо заврши трет, а Строл четврт.

Бодови на оваа трка уште освоија Перез, Норис, Хулкенберг, Пиастри, Гуани и Цунода.

Следната трка ќе се вози низ улиците на Баку за Големата награда на Азербејџан.

Слични објави