Андон Дончевски, првиот селектор на македонската репрезентација, беше специјален гостин на ФК Вардар на денешното второлигашко дерби со Гостивар.
Екипата на Вардар му подари на легендата на македонскиот фудбал, популарниот Чичко Дончо црвено-црн дрес од својот омилен клуб, а посетата беше овековечена и со заедничка фотографија со фудбалерите на Вардар и директорот Бајевски.
За жал, Вардар не успеа да му подари на легендарниот тренер триумф над главниот ривал за влез во елитното друштво, но сепак Вардар се сака и кога победува и кога губи, и кога е шампион, но и кога е во втората лигата, доказ за тоа е токму Андон Дончевски.