Кина од 2028, планира да почне да гради база на Месечината!

Кинески научници и истражувачи се состанаа на конференција во Вухан за да разговараат за градење на живеалиште на Месечината. Динг Лиејун, експерт од Кинеската академија за инженерство, објави дека развиваат роботи наречени „кинески суперѕидари“ кои би можеле да произведуваат тули од лунарната почва.

Роботот со задача да произведува „месечеви цигли“ ќе биде лансиран околу 2028 година со кинеската мисија Chang’e-8., со што би започнала градбата. Но најпрво, целта е да се донесе првиот примерок од почва од далечната страна на Месечината до 2025 година.

Кина има планови за воспоставување на база на Месечината и сака кинеските астронаути да поминуваат повеќе време таму. Иако Динг призна дека има краткорочни тешкотии со овој проект, сепак изградбата на живеалиште на Месечината е неопходно за долгорочни истражувања кои ќе се реализираат во иднина. Кина претходно врати примерок од почва од блиската страна на Месечината во мисијата Chang’e-5 во 2020-та година.

Слични објави