Џенова,клуб кој е дел од историјата на Италијанскиот фудбал, ќе се врати во Серија А следната сезона, благодарение на саботната победа против Асколи (2-1). По само една година помината во Серија Б, „Грифони“ имаат осум бода повеќе од третиот Бари, кој ремизираше со Модена (1-1 на само две кола пред крајот на регуларниот дел од сезоната. Џенова на тој начин му се приклучи на Фросиноне, кој во понеделникот и математички го потврди враќањето во најсилната лига на италијанскиот фудбал.
Третиот билет за елитата ќе биде поделен по баражот меѓу екипите кои ќе завршат од третото до осмото место во регуларниот дел од сезоната.
Попладнево на трибината каде што е најверните и најгласни фанови на Џенова, се појави и знаме на кои пишува Горан, а буквите се во боите на клубот, сина и црвена. Нашиот Горан Пандев беше присутен на стадионот и заедно со навивачите го прослави големото враќање на тимот во Серија А.
Џенова, која од декември ја тренира поранешниот италијански репрезентативец Алберто Џилардино (40), се враќа во Серија А, додека другиот клуб од Џенова, Сампдорија, кој моментално е последен во првата лига, најверојатно ќе испадне.
Џенова го освои првото италијанско првенство во 1898 година и има вкупно девет титули, од кои последната датира скоро пред еден век (1924).