Серија А: Верона со важни три бода, Наполи шампионски, Торино со бод против Монца!

Верона го победи Лече со 1:0 на гостувањето и излезе од зоната за испаѓање во италијанската Серија А. Голот на Сирил Нгонге во 71-та минута беше доволен за три важни поени за тимот на Марко Ѕафарони. Со оваа победа, Верона се искачува на 17-тото место во табелата со 30 поени, само еден зад Лече и три зад 18-то пласираната Специја.

Наполи ја прослави првата шампионска круна по 33 години со победа против Фиорентина, иако ова беше натпревар без резултатско значење. сепак Виктор Осимен го донесе триумфот со гол од пенал во 71-та минута. Елиф Елмас играше како стартер трет меч по ред за Наполи и беше заменет во 84-тата минута.

Торино и Монца одиграа реми од 1-1. Санабрија го донесе водството за Торино во 46-тата минута, а Капрари го израмни во 86-тата минута за Монца. Двете екипи се на 46 бода на 9-то и 10-то место и не можат да се вклучат во трката за Европа ниту да испаднат од лигата.

Слични објави