Баерн се намачи со Херта, но сепак на крајот славеше, Волфсбург подобар од Мајнц!

Баерн Минхен го скрши отпорот на Херта со победа од 2-0 во 30. коло од Бундеслигата и преземање на врвот од табелата со еден бод предност пред Борусија Дортмунд. Фудбалите на Баерн, резултатот го отворија во 69. минута за 1-0, а Коман во 79. минута ги постави конечните 2-0. Главен “виновник”” за тоа беше Џошуа Кимих кој испорача две „докторски“ асистенции до своите соиграчи, кои во дадените ситуации ги имаа полесните задачи во шеснаесетникот на Херта. Баерн Минхен на четири кола пред крајот на шампионатот повторно е на врвот и влегува во битка за шампионската титула во Германија.

– Цврсто сум убеден дека ние ќе бидеме германски шампиони. На мечот со Херта не дозволувавме контра напади и глупави фаули во нивна корист. На претходните натпревари ќе ги загубевме главите на ваков меч, но сега не го направивме тоа, – изјави Кимих.

Во вториот натпревар екипата на Волфсбург беше подобра од Мајнц со конечни 3:0, и ги задржа теоретските шанси за евентуално место во Европа.

Слични објави