Две години по уривањето на надстрешницата на Железничката станица во Нови Сад, во кое загинаа 16 луѓе, сè уште нема осудени за трагедијата, а судењето на одговорните не е почнато. По повод годишнината, Академскиот пленум порача дека е време за правда и најави дека ќе се придружи на комеморативниот собир што го организираат студентите.
„Академскиот пленум, како и мнозинството граѓани, нема никакво сомневање дека 16-те невини жртви ги убија корупцијата и нестручноста на сега веќе заминувачката власт“, се наведува во соопштението.
Од Пленумот посочуваат дека денешното одбележување го дочекуваат со тага поради трагедијата, но и со надеж дека одговорните наскоро ќе бидат изведени пред лицето на правдата.
„Благодарение пред сè на нашите прекрасни студенти, а потоа и на сите граѓани, Србија наскоро повторно ќе стане правна држава“, порачуваат од Академскиот пленум.
Во соопштението се додава дека животите на 16-те загинати не можат да се вратат, но дека одговорните мора да бидат повикани на одговорност.
„Да не се повтори никогаш повеќе нешто вакво“, се наведува во пораката на Академскиот пленум