Во последниот натпревар од 31-то коло во Премиер лигата, Ливерпул успеа да го победи Лидс со резултат од 1:6 на „Еланд роуд“ стадионот. Головите за Ливерпул беа постигнати од Гакпо (35-та минута),Салах (39-та, 88-ма),Жота (60-та, 68-ма) и Нуњез (90-та минута), додека Синистера го реализираше единствениот гол за Лидс во 47-мата минута.
Ливерпул моментално се наоѓа на осмото место на табелата со 47 бодови и ќе се обиде да се пласира во групната фаза на Лигата на шампионите следната сезона. Тимот на Јирген Клоп има седум порази во сезоната и ќе се обиде да продолжи со победи во следните кола.
Лидс останува во безбедната зона со 29 бодови, откако во овој натпревар го претрпе 16-тиот пораз во сезоната.