Емил Рајковиќ прогласен за тренер на годината во ВТБ лигата!

Македонскиот стратег Емил Рајковиќ, кој седна оваа сезона на клупата на ЦСКА Москва, го освои признанието за тренер на годината во ВТБ лигата за натпреварувачката 2023/2024. Рајковиќ имаше фантастични резултати со својот тим, кој постави пет лигашки трофеи. Тоа беше повеќе од доволно за да го освои овој престижен трофеј, и притоа Македонецот успеа и да се запише во историјата како единствениот стратег, кој успеал да освои две награди за најдобар тренер на година со две различни екипи. Претходно со екипата на Астана во сезоната 2018/19, кога во регуларниот дел од сезоната, заврши на шестото место на табелата.

Рајковиќ се заблагодари на целиот тим на ЦСКА Москва, вклучувајќи ги играчите, тренерите, персоналот и раководството, и го посвети овој трофеј на нив. Тој истакна дека овој успех не е само негов, туку на целиот тим, и дека најважната цел на ЦСКА Москва е пред нив – да продолжат да победуваат во наредните натпревари кои се многу поважни.

Слични објави