Бундес лига: и тоа го има голманот на Бохум се степа со навивач, Борусија Менхенгладбах конечно ја прекина низата без победа

Голманот на Бохум, Мануел Риман, започна физичка расправа со незадоволните навивачи по поразот на својот тим од Штутгарт на домашен терен. Бохум, кој се наоѓа под линијата за опстанок, загуби од нивниот директен конкурент со конечни 3-2. Некои навивачи беа многу незадоволни од резултатот, што доведе до искри помеѓу Риман и еден од нив. Голманот се качи на трибините и имаше жестока расправија со навивачот, вклучувајќи и физички контакт. Соиграчите и техничкиот директор се обидоа да го стопираат инцидентот, а обезбедувањето беше повикано да се смири ситуацијата.

Борусија Менхенгладбах конечно ја прекина негативната серија, без победа во Бундес-лигата и успеа да победи против екипата на Волфсбург со резултат 2-0.Натан Нгуму донесе предност за домаќинот со голот во 34-та минута, а Маркус Турам во вториот дел го потврди триумфот на Борусија Менхенгладбах.

Додека екипата на Хофенхајм беше подобар на домашен терен од Шалке, со конечен резултат 2:0. Со овој пораз екипата на Шалке е закована на последнито место со 21 бод.

Слични објави