По повод светскиот ден на здравјето, Светската здравствена организација велат дека за да се обезбеди здравје за сите, потребни се достапни, висококвалитетни здравствени услуги и силна здравствена работна сила.
Се намалува бројот на лекари во земјава, а голема е и миграцијата – велат од лекарската комора. За да останат лекарите во земјата апелираат да се поедностави полтиката за вработување во јавното здравство.
Министертот за здравство д-р Фатмир Меџити, денеска нагласи дека државата располага со одличен здравствен кадар, а треба да се подобрат условите во наредниот период. Во врска со случајот за Јана, министерот најави дека во најскоро време ќе ја посети и Клиничката болница во Битола.
Од Лекарското друштво истакнаа дека еден од приоритетите е стимулативна регионализација на здравството.
Специјалната претставничка на СЗО во Македонија, д-р Ане Јохансен порача дека целта е сите граѓани во Северна Македонија да имаат пристап до висококвалитетна здравствена заштита, без оглед на местото на живеење или социо – економскиот статус.
На денешниот свечен собир на тема „Здравје за сите“ по повод Светскиот ден на здравјето, добитници на „ПОВЕЛБА ДР ТРИФУН ПАНОВСКИ“ се: д-р Ѓорѓи Гоцев, д-р Бисерка Ќаева, д-р Елизабета Србиновска, д-р Ана Кафтанџиева, д-р Миле Босилковски, д-р Соња Бојаџиева, д-р Оливер Станков, д-р Горан Андонов и д-р Татјана Станимаровиќ.