Анкета на „Транспаренси“: Изборот на консултант и надзор над „Бехтел и Енка“ оценет за еден од „матните настани“ во март

од Вести365.МК Ј.Р.

Изборот на консултант и надзор над изградбата на автопатиштата на коридорите 8 и 10-д кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“ е оценет за еден од „матните настани“ за март, покажала анкетата за корупција на „Транспаренси Интернашнал-Македонија“ во рамки на проектот „Бистро-Матно“.

Од „Транспаренси“ наведуваат дека неколку од партнерските комании во победничкиот конзорциум за надзор над изградбата на коридорите, предводен од италијансаката „ИРД инженеринг“, имаат претходна историја со неетичко и неодговорно постапување во својата работа.

„Меѓународниот конзорциум ‘ИРД инженеринг’ ќе биде консултант и надзор за автопатиштата на коридорите 8 и 10-д што ќе ги гради американско-турскиот конзорциум ‘Бехтел и Енка’. Понудата на ‘ИРД инженеринг’ е во износ од 1 374 304 070 денари (22,35 милиони евра). Неколку партнерски фирми во конзорциумот имаат претходна историја со неетичко и неодговорно постапување во својата работа“, истакнуваат од „Транспаренси Интернешнл-Македонија“.

Слични објави