На последната средба од 27-то коло во шпанската Примера, екипите на Рајо Валјекано и Валенсија ремизираа со резултат 1-1 на стадионот „Местаља“.
Гостите од Мадрид први го отворија резултатот во раната фаза на натпреварот преку голот на Комесана, додека домаќините постојано притискаа за победа, поради тоа што се борат за опстанок во лигата.
Валенсија имаше поголем посед на топката и повеќе удари кон противничкиот гол, но на крајот сепак домакините мораа да се задоволат само со еден бод. Во 82-тата минута, Клајверт успеа да го матира голманот на Рајо со удар од 11 метри и да донесе изедначување.
Валенсија сега има 27 бода и е дел од групата од три клуба со ист број на бодови, кои се борат за опстанок, додека Рајо Валјекано со 37 бода е на 8-мата позиција на табелата.
Нашиот голман, Столе Димитриевски, го одигра целиот натпревар, иако се повреди во еден момент, и ветеранот Диего Лопез беше пратен на загревање како можна замена.