Викендов (01.04) , фитнес тренерот и бодибилдерот Ивица Јанев од Македонија, освои 6 златни медали и 2 титули на два интернационални натпревари во Србија. Прво, тој го освои Diamond cup во Србија каде беше прогласен за апсолутен шампион на натпреварот. Над 200 преставници од повеќе земји од регионот и пошироко учествуваа на овој прв интернационален натпревар од ваков вид. Јанев како единствен преставник од Македонија, освои 3 златни медали и титула Апсолутен шампион, како и ПРО карта од IFBB, највисоко престижната Бодибилдинг и Фитнес федерација во Светот.

Следниот ден, на Трофејот на Чачак, кој е квалификациски натпревар за Балканското и Европското првенство во Србија, Јанев повторно освои 3 златни медали и стана Апсолутен победник на натпреварот.
Во 2018 година тој беше шампион на Златниот куп во Белград, додека во 2019 година беше државен шампион во Бодибилдинг до 90 кг во Македонија и исто така апсолутен државен шампион за истата година. Истата година, Јанев стана и Балкански шампион во Бодибилдинг Класик Физик, во златната ера на Бодибилдингот.