Внимавајте ако возите низ Србија: Од денеска може да ви го одземат автомобилот ако сторите сообраќаен прекршок

Денеска ќе стапат на сила измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, кои Собранието на Србија ги усвои минатата недела, со кои се создадени услови за спроведување на одредбите врз основа на кои возилата ќе бидат привремено задржани за најтешките прекршоци.

Законот за безбедност на сообраќајот за прв пат предвидува можност за привремено одземање на возило додека не заврши правната постапка против возач кој во последните две години е осуден за тешки прекршоци.

Слични објави