Миротиќ во Звезда, со најголем договор на овие простори!

Никола Миротиќ (33) ја напушта Барселона по четири години и можеби ќе ја продолжи кариера во Црвена Звезда. Иако и Монако и Ефес се заинтересирани за него, сепак според неколку грчки медиуми Црвена Звезда е најголем фаворит за неговото доведување.

Грчкиот новинар Харис Ставру тврди дека Звезда му понудила на Миротиќ договор во вредност од 2,7 милиони евра по сезона, што би бил најголемиот договор во историјата на овие простори.

Миротиќ е роден во Подгорица и ја започна кариерата во Реал Мадрид, каде настапуваше до 2014 година. Потоа помина четири години во Чикаго и една година во Њу Орлеанс.

Иако Миротиќ е навивач на Партизан, најголемиот ривал на Звезда, навивачите на Звезда го почитуваат поради неговата хуманитарна работа и помагањето на српската заедница низ светот. За својата хуманитарна работа ја доби наградата “Ѕвезда на годината”. Неодамна објави и слика на својот син со маица на Звезда .

Миротиќ го подигна трофејот на шампион на Шпанија откако со Барселона ја победија екипата на Реал Мадрид со 3-0 во победи.

Слични објави