Голден Стејт доби уште еден ветеран, Крис Пол, 38-годишниот плејмејкер, кој пристигна од Феникс Санс. Тимот од Сан Франциско одлучи да ги трејдува Џордан Пул, Рајан Ролинс, првиот пик во рундата за 2030 година и вториот пик во рундата за 2027 година во замена за Пол, кој ќе се приклучи на нивниот состав.
со овој трансфер, Голден Стејт ќе има извонреден шутерски тим и ќе претставува опасност за секоја одбрана во новата сезона на НБА-лигата, секако ќе атакува на враќање на титулата во Сан Франциско.
Пред да се приклучи на Феникс, Крис Пол настапуваше за Оклахома Сити Тандер, Хјустон Рокетс, Лос Анџелес Клиперс и Њу Орлеанс Хорнетс во текот на својата НБА-кариера