АБА лига: Партизан поведе со 1:0!

Во финалето на АБА лигата, кошаркарите на Партизан ја добија првата пресметка против вечниот ривал екипата на Црвена Звезда. Избраниците на Жељко Обрадовиќ победија со конечен резултат 88-80, благодарение на извонредната претстава во првите 20 минути во „Штарк Арена“. „Црно-белите“ беа водени од верната публика и имаа фантастично издание, реализирајќи 56 поени, што беше доволно да заминат на пауза со предност од 20 кошеви (56-36).

По паузата, Црвена Звезда притисна и се покажа во вистинско светло, и се обидуваше и притискаше, но сепак на крајот не успеа да стигне до целосен пресврт на резултатот, што би им овозможило да се надеваат на победа. Во секој случај, покажаа карактер кој може да биде основа за следните натпревари во серијата.

Ледеј беше најефикасен со 24 поени, додека Пантер придонесе со 19 поени за победникот. На противничката страна, Добриќ уфрли 17 поени, а Кампацо имаше дабл-дабл од 15 поени и 10 асистенции.

Слични објави