Борба на вечните ривали за кошаркарскиот трон во Шпанија!

Екипите на Барселона и на Реал Мадрид, се пласираа во финалето на плеј-офот во кошаркарското првенство на Шпанија. Вечерва Барселона ја совлада екипата на Уникаха, на гостувањето во Малага со 75-87, и така со конечни 3-1 во серијата се пласираше во финалето, каде Реал Мадрид, веќе го чекираше своето место победувајќи ја екипата на Хувентуд со идентичен скор 3-1.

На вечерашниот натпревар најефикасен кај каталонците беше Миротиќ со 14 поени, додека кај Уникаха, Калиноски и Пери реализираа по 15 поени.

Сите се во очекување на кошаркарското „Ел Класико“ во битката за титулата во Шпанија, а серијата започнува на 16-ти јуни, во Барселона. Каталонците во регуларниот дел завршија први и поради тоа, ќе ја имаат предноста на домашен терен во првиот натпревар.

Слични објави