Штутгарт останува во Бундес лигата!

Штутгарт го осигура своето место и во следната сезона на Бундеслигата откако го победи Хамбургер во бараж-двомечот. Во вториот натпревар, Штутгарт славеше со резултат 1-3 (1-0) како гостин, откако во првиот натпревар на домашен терен победи со 3-0.

Хамбургер, иако имаше шанси за повраток во елитата, не успеа да ги исполни своите очекувања и остана во втората лига.

На “Волкспарк стадион”, Хамбургер започна одлично и постигна гол во осмата минута преку Кител. Тоа донесе надеж на домашните фанови за можеби волшебство. Но, за жал тоа не се случи, во вториот дел, Штутгарт ја превзема контролата и одговори со два брзи гола на Милот и еден од Силас, завршувајќи со конечен резултат 1-3 и обезбедување на место и наредната година во германската фудбалска елита.

Слични објави