Борусија во саботниот меч за титула без Белингам?!

Тренерот на Борусија Дортмунд, Един Терзиќ, изјави дека настапот на Џуд Белингем, англискиот репрезентативец, на саботниот натпревар против Мајнц во последното коло од Бундеслигата е неизвесен. Белингем се мачи со повреда на коленото, а Борусија има шанса да ја освои првата титула шампион на Германија по 11 години, доколку стигне до триумф.

Во последниот натпревар против Аугсбург, Борусија Дортмунд го презеде врвот на табелата со два бода повеќе од Баерн, кој освои 11 титули по ред во германскиот шампионат. Белингем не играше во тој натпревар и неговиот настап на саботата сè уште зависи од одлуката на лекарите.

Постои интерес од страна на Реал Мадрид за Белингем, па саботниот натпревар би можел да биде последен во дресот на Борусија Дортмунд за овој 19-годишен фудбалер. Оваа сезона, Белингем настапи на 31 натпревар во Бундеслигата и постигна осум гола.

Слични објави