32-годишна жена со нож им се заканувала на медицинските лица, оштетила дел од болницата

од Вести365.МК | Е.Д.

Вчера околу 13 часот и 40 минути, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ја лишиле од слобода 32-годишната Б.Ј. од гостиварско село.

Како што соопшти полицијата, жената во гостиварската модуларна болница со остар предмет им се заканувала на вработените и оштетила дел од внатрешниот инвентар.

Се расчистува и документира случајот и ќе следува соодветен поднесок.

Слични објави