Како една од замените за Карим Бензема, Реал Мадрид ја најде во Шпанискиот репрезентативец, 33-годишниот Хоселу за кој со овој трансфер, значи повторно враќање на добро познато место каде настапуваше на самиот почеток од својата кариера.
Хоселу беше дел од екипата на Реал Мадрид од 2009 година, каде дојде од Селта, но најчесто настапуваше во вториот тим, а шанса за првиот тим доби на само еден натпревар. Потоа го напушти Мадрид и настапуваше за Штутгарт, Ајнтрахт, Хановер, Стоук, Депортиво, Њукасл, Алавес и Еспањол, а сега повторно има втора шанса да докаже дека местото му е на „Сантијаго Бернабеу“. Во новата сезона ќе го носи дресот со број 14.
„За овој момент сонував откако заминав. Премногу сум возбуден. Сите знаеме какво ниво покажа Карим за овој клуб, но јас сум тука да помогнам на друг начин. Ќе дадам се за овој клуб, тој е клубот на мојот живот. Кога излегуваш на терен, посебно на Бернабеу сакаш да постигнеш што повеќе голови“, изјави Хоселу на претставувањето.