Сон ја одбра гордоста пред парите, ја одби понудата од Саудиска Арабија!

Големите пари кои ги нудат клубовите од Саудиска Арабија почнаа да ги привлекуваат најголемите ѕвезди во европскиот фудбал, но сепак има и такви случаи каков што е Хеунг Мин Сон, кој ја одби милионската понуда.

Фудбалерот на Тотенхем во изминатите неколку дена добри страшна понуда за преселба во Саудиска Арабија со која би добивал по 70 милиони евра по сезона, но напаѓачот од Јужна Кореа смета дека парите не можат да го надокнадат елитниот фудбал кој го ужива во Европа.

Сон денеска излезе со искрена изјава за понудата која ја имал на маса, а притоа откри дека неговиот план е тесно поврзан со Тотенхем и останување во Северен Лондон.

Тотенхем во новата сезона ќе има амбициозен проект со новиот менаџер Ангелос Постекоглу, но во тимот повторно важна улога се очекува да има токму Сон.

Изјавата на Сон е следната: “Јас имам уште многу работи за правење во Премиер лигата. Парите не ми се важни во моментов. За мене на прво место е гордоста и желбата да играм во најсилната лига во светот. Сакам да играм уште долго време за Тотенхем.”

Слични објави