Големата награда на Емилија Ромања во Формула 1 беше откажана поради големите поплави во северна Италија. Возачите на Формула 1 го поддржаа тоа решение на раководството на трката и локалните власти. Оваа одлука беше предизвикана од црвениот метео аларм во Италија, поради обилните врнежи од дожд, поплави и одрони, како и тешката состојба во регионот. Целта на откажувањето беше да се избегне дополнителен притисок врз локалните власти и службите за итни случаи, кои веќе се заемаат со спасувањата во целиот регион.
Во регионот Емилио Ромања, околу 5.000 луѓе беа евакуирани, а пет лица загинаа поради поплавите. Трката, која требаше да се одржи во недела во 15 часот, а претходно со слободни тренинзи и квалификации во петок и сабота.
Луис Хамилтон, седумкратниот светски шампион од Мерцедес, ја изрази својата загриженост за безбедноста и изјави дека се надева дека сите во Емилија Ромања се безбедни и се грижат еден за друг. Тој изрази и сочувство кон погодените од трагедијата и ги пофали службите за итни случаи кои работат на терен. Хамилтон исто така изрази желба да ги види сите на следната трка.