Управата на Ливерпул официјално го најави заминувањето на четворица фудбалери од тимот. Алекс Окслејд-Чембрлејн, Роберто Фирмино, Џејмс Милнер и Наби Кеита ќе продолжат кариерата во други клубови откако нема да им се продолжат договорите. Шпекулации за нивните следни дестинации веќе се појавуваат во англиските медиуми.
Ова четворка беше дел од историската сезона кога Ливерпул ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите и Светското клупско првенство. Клубот им благодари и им посакува многу среќа во иднина, а навивачите на социјалните мрежи ја изразуваат својата благодарност и се сеќаваат на радоста што им ја дносеа во минатото.
Фирмино се поврзува со Барселона, додека Окслејд-Чембрлејн е на интерес на неколку премиерлигашки клубови, вклучувајќи ги Вест Хем и Брајтон. Ливерпул започнува процес на освежување и подмладување на тимот, а Јирген Клоп бара квалитетни засилувања за средниот ред и нападот. Еден од главните кандидати е Коло Муани од Ајнтрахт Франкфурт. Четворицата фудбалери што ја напуштаат екипата на Ливерпул заедно имаат 669 настапи за клубот.