Според новите правила, Верона и Специја ќе играат мајсторка!

Според новововедените правила од оваа година, мајсторка за опстанок во Серија А ќе се игра помеѓу Верона и Специја. Според новите правила за оваа сезона, гол-разликата не се зема во предвид при борбата за опстанок. Верона го загуби последниот натпревар со 1:3 против Милан, а Специја загуби од Рома со 1:2.

Ако на гол-разликата се гледаше како досега, Верона ќе останеше прволигаш, но ако пак се гледаа меѓусебните дуели подобра е екипата на Специја кој најпрво одигра 0:0 дома, а во Верона победи со 2:1. Но, новите правила веднаш донесоа драма. Мајсторката ќе се одигра на 11 јуни, првата недела по завршувањето на регуларниот дел од сезоната. Ако натпреварот заврши нерешено, ќе се пристапи кон изведување на пенали без продолженија. Според последните информации Четири градови – Удине, Фиренца, Лече и Реџо Емилија – се кандидати за домаќин на мајсторката,

Верона има долга историја во Серија А, со 47 сезони и едно Скудето од сезоната 1984/1985. Оваа сезона беше четврта последователна во најквалитетната италијанска лига. Специја, пак, одигра само седма сезона во Серија А, додека повеќето време беше третолигаш или второлигаш, никогаш го нема освоено Скудетото.

Слични објави