Роби Вилијамс: Нема секс во бракот, ќе се сврти кон мене, а јас јадам мандарина и само кревам раменици

Роби Вилијамс и сопругата Ајда Филд открија дека „не се замараат со секс“ – и претпочитаат само гушкање.

Во заедничко интервју за британските медиуми, парот инсистираше на изјавите дека се на исто мислење за интимноста и дека се задоволни од недостатокот на активност во спалната соба.

„Сите знаат дека нема секс после бракот. Така е. Морав да земам инјекции со тестостерон некое време бидејќи сум зависник, но тоа мораше да престане. Му се развија мускулите на рамото и почнав да изгледам како голман. Не беше добар изглед. Ама сексот кога бев на тестостерон беше неверојатен. И така беше цело време. Бевме ненаситни. Покажува колку сме вљубени еден во друг, бидејќи кога бев на тестостерон, не можевме да ги тргнеме рацете еден од друг.“ , призна Роби во интервју за The Sun.

„Ми недостига. Беше забавно. Сега, понекогаш кога ќе седнеме заедно на каучот, Ајда може да се сврти кон мене и да каже – треба да имаме секс. А јас седам таму и јадам мандарина и само ги кревам рамениците. Па, знаете, понекогаш се обидуваме“, додаде музичарот.

43-годишната актерка, која се омажи за пејачот во 2010 година, рече:

„Мислам дека луѓето го мешаат сексот со интимноста. Секогаш се гушкаме, се бакнуваме, се држиме за раце и се допираме додека гледаме телевизија на софата, филм или што и да е. Интимноста е важен, значаен аспект на љубовта. Среќни сме“.

Инаку, Роби неодамна се пофали со своето издлабено тело во видеото кое го објави на социјалните мрежи, а тоа се случи само неколку месеци откако откри дека „вечно се бори со килограмите“.

Уште во септември минатата година, тој призна дека конечно е среќен што ослабе. Пејачот, кој во минатото отворено зборуваше за зависноста од храна и дрога, додаде дека конечно научил да се прифаќа себеси.

Слични објави