Атлетико Мадрид го прегази градскиот ривал Кадиз со 5-1 на домашен терен и се промовираше на втората позиција на табелата во Ла Лига, пред најголемиот ривал Реал Мадрид. Антоан Гризман беше стрелец на двата гола за првото полувреме, додека во второто полувреме Алваро Мората и Јаник Караско допринесоа со по еден гол за категоричната победа на домаќините. Гостите успеаја да постигнат гол во 72. минута, но Молина го затвори натпреварот со гол во 73. минута.
Во првиот денешен натпревар Валенсија и Виљареал одиграа на Местаља 1:1, а во последниот вечерен натпревар уште една екипа од Мадрид, Гетафе славеше со 1-0 на домашен терен против Селта Виго.